Лестер следната сезона ќе игра во Чемпионшип, односно во втората лига по ранг во Англија, а искусниот Џејми Варди реши јавно да им се извини на навивачите за катастрофалната сезона.
Поразот од Ливерпул го потврди испаѓањето на „лисиците“, а Варди по истиот им се обрати на фановите.
– Нема зборови со кои би можел да ги изразам мојата лутина и тага поради начинот на кој ја одигравме сезоната. Нема изговор за тоа.
– Долго сум во овој клуб, сме доживеале многу успони и падови, но оваа сезона беше мизерна и засрамувачка. Ова боли и знам дека и вие го чувствувате истото, извинување до сите фанови, – рекол Варди.
Сезонава, Лестер освои само 18 бодови на досега 33 одиграни натпревари.