На првиот работен ден од оваа недела, нашиот сениорски национален тим има играч повеќе „во ротацијата“.
Sелекторот Марјан Илиевски и неговите избраници ги одработуваат подготовките за претквалифициите за Светското првенство 2027 година.
Ново име кое се „чекираше“ во хотелот „Аполонија“ во Гевгелија, а попладнево е Никола Василевски.
Поранешниот младински репрезентативец доби дополнителен повик од селкторот Марјан Илиевски, и ќе биде во онаа надворешна линија во тимот кој се подготвува во Гевгелија, односно во Негорски бањи, и прекрасниот спортски комплекс „НБ Ноел“ кој им нуди идеални услови за реализација на планираните активности на нашите најдобри кошаркари.
Василевски е уште еден играч од генерацијата 2003 од која веќе има неколку играчи кои се дел од подготвителниот процес, како Андреј Митревски и Амар Хот.
The post Василевски се приклучи на кошаркарската репрезентација appeared first on Sport Plus Macedonia.