Почеток СПОРТВасилевски се приклучи на подготовките во Гевгелија

Василевски се приклучи на подготовките во Гевгелија

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Никола Василевски се приклучи на подготовките и се стави на располагање на стручниот штаб на кошаркарската репрезентација на Македонија. Вториот дел од подготовките се одржуваат во Гевгелија, а бекот треба да значи играч повеќе „во ротација“ за селекторот Марјан Илиевски.

Василевски, кој го носи дресот на ТФТ, е еден од играчите од генерацијата 2003. Во националниот тим веќе има неколку играчи од таа генерација кои се дел од подготвителниот процес, како Андреј Митревски и Амар Хот. За Василевски ова е прв повик во сениорската репрезентација, а досега ги мина сите младински репрезентации на Македонија.

Македонскиот национален тим се подготвува за претквалификациските дуели од Светскиот куп 2027 со Романија и со Унгарија кои ќе се играат од 2 до 20.август. Македонија домашните натпревари ќе ги игра во Куманово.   (МИА)

Можно е и ова да ти се допаѓа