Почеток СПОРТВајли се приклучи на македонската репрезентација

Вајли се приклучи на македонската репрезентација

sportplus.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Џејкоб Вајли е повторно дел од сениорската репрезентација на Македонија.

Американецот со македонски пасош, без размислување го прифати повикот на селекторот Марјан Илиевски, за повторно да заигра за Македонија.

И тоа во вистинско време, кога и тоа како ни е потребен играч од таков калибар, да го затвори рекетот, и со својата физичка доминација да ја засили онаа внатрешна линија во селекцијата која ова лето ќе игра претквалификациски мечеви за пласман на Светскиот Куп 2027 година.

„Искрено сум пресреќен што дојдов овде по неколку години пауза. Мотивацијата е на највисоко ниво, штом стапив во контакт со луѓето од федерацијата без многу размислување прифатив. Среќен сум што со мене дојде и моето семејство, кое ‘во живо’ ќе ги следи моите настапи за македонската репрезентација. Едвај чекам повторно да го облечам дресот на Македонија“ – изјави Вајли по пристигнувањето во хотелот „Аполонија“ во Гевгелија.

Силното крило ќе биде и највозрасен кошаркар во нашата селекција, од кого дефинитивно ќе се очекува заедно со Магдевски и Мекиќ како најискусни да ја предводат Македонија во новиот предизвик – претквалификациите за Мундобаскетот во 2027 година.

The post Вајли се приклучи на македонската репрезентација appeared first on Sport Plus Macedonia.

Можно е и ова да ти се допаѓа