2
Ракометарите на Веспрем го освоија меѓународниот турнир во Добој, откако во финалето славеа против Гумерсбах со 27-25 (13-12).
Унгарскиот гигант беше подобар од Германците и заслужено го крена пехарот на традиционалниот турнир во овој босански град. Избраниците на Чави Пасквал на стартот бркаа негатива, ама во продолжението од првиот дел се консолидираа и на пауза заминаа со минимални 13-12.
Во второто полувреме се играше егал, а Веспрем и покрај потешкотиите во завршницата покажа карактер и квалитет за на крајот да слави.
Со по пет погодоци најдобри стрелци на мечот беа Зеин и Адел од Веспрем.