На сцената на Драмскиот Театар во Скопје, вечерва со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена театарската претстава „Парови“.
Автор: Ана Ристоска Трпеноска
Режија: Ивана Ангеловска
Улоги: Ирена Ристиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Јасмина Василева, Димитрија Доксевски, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Лазар Христов, Ања Митиќ, Нина Елзесер
Сценограф: Костантин Трпеноски
Костимографи: Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев
Музички соработник: Ади Имери
Дизајн на постер: Дамјан Момировски
Фотограф: Стефан Самандов
Постои ли вистински успешна врска, совршен брак или партнерите се стремат да постигнат невозможен концепт, нешто што е конструкт на општеството? Животот во заедница е различен од онаа идеализирана љубов што партнерите очекуваат дека треба да се случи и да трае, и од сликата за заедница која доминира во дигиталниот свет. Со „Парови“ сакав да напишам драма за партнери заглавени во трагикомичното секојдневие на заедничкиот живот. Мене секогаш повеќе ме интересира да го прикажам тоа што не се гледа, да пишувам за осаменоста и за проблемите со кои партнерите се соочуваат, но ги чуваат меѓу четири ѕида. Борба за доминација, его, токсични машко-женски односи, партнери на кои им е поважен професионалниот успех и социјалниот статус, партнери што посакуваат никогаш да не се сретнеле, се изневеруваат, бракови што станале рутина, партнери кои имаат различни очекувања, доживуваат разочарувања и се комични во нивната немоќ. Драмата „Парови“ прикажува неколку парови партнери во различни ситуации и фази од нивните животи. Сите нив ги поврзува потребата за љубов и немоќта да ги променат работите, вели во освртот кон претставата авторката Ана Ристоска -Трпеноска.
The post Вечерва во Драмски ќе биде изведена театарската претстава „Парови“ appeared first on ekran.