Во Македонскиот народен театар во Скопје, вечерва со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена тетарската претстава „Не се клади на Енглези“ од авторот ВЛАДИМИР ЃУРЃЕВИЌ, а во режија на СИНИША ЕВТИМОВ.
Претстава која го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата итн. Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава, обложувањето. На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното пријателство.
УЛОГИ
Сашко Коцев – Паун
Оливер Митковски – Пикси
Александар Микиќ – Буле
Сценограф: Илина Ангеловска (мебел – Home by Almak)
Костимограф: Ана Данчевска
Превод: Александар Микиќ
Светло – мајстор: Илија Тарчуговски
Тон – мајстор: Ненад Трпеновски
Инспициент: Никола Кимовски
Фотограф: Драган Гајиќ
Цената на билетот е 500 денари.
The post Вечерва во МНТ ќе биде изведена театарската претстава „Не се клади на Енглези“ appeared first on ekran.