Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, во рамките на меѓународниот теаарски фестивал „Рута“, со почеток во 20:00 часот, ќе имате можност да ја погледнете театарската престава „Швејк“ на Београдско драмско позориште од Р. Србија.
Автор: Јарослав Хашек
Режија: Вељко Миќуновиќ
Улоги: Озрен Грабариќ, Милутин Милошевиќ, Милутин Дапчевиќ, Милош Лазаров, Вања Ненадиќ/Наташа Марковиќ, Бојана Стојковиќ, Ива Илинчиќ, Ивана Николиќ, Ивана Вукмировиќ
Драматизација: Ката Ѓармати и Слободан Обрадовиќ
Драматург: Слободан Обрадовиќ
Сценограф: Бранко Хојник
Костимограф: Марија Марковиќ Милојев
Композитор и текстови на песните: Невена Глушица
Сценски говор: д-р Љиљана Мркиќ Поповиќ
„Доживувања на добриот војник Швејк во светската војна“
Незавршениот сатиричен роман на чешкиот писател Јарослав Хашек, издаден во 1923 година. Писателот планирал делото да се состои од шест дела, но завршил само четири. Во 1923 година починал од срцев удар. Четирите дела се објавени во една книга.
Содржината на романот зборува за чешкиот ветеран Јозеф Швејк и неговите доживувања во армијата. Приказната започнува со атентатот во Сараево, кој му претходи на почетокот на Првата светска војна. Швејк е толку возбуден што ќе ѝ служи на својата држава во војната, што никој не може со сигурност да утврди дали е тој имбецил или вешт саботер на Австроунгарската армија.
Претставата е распродадена.
The post Вечерва на фестивалот „Рута“ ќе биде изведена театарската престава „Швејк“ на Београдско драмско позориште, Р. Србија appeared first on ekran.