рамките на турнирот “Крсте Андоновски” во Охрид, овој пат во пријателски меч, на теренот се сретнаа добро познатите ривали – Еурофарм Пелистер и Вардар. Како и на последниот дуел од шампионатот, повторно Битолчани излегоа како победници од вечното дерби.
Херој на мечот за Пелистер беше голманот Саид Хаидаридад, кој им создаде вистински проблеми на Вардарци, но за поразот придонесоа и многуте грешки на “црвено-црните”.
Дуелот беше прво дерби со Иван Чупиќ на тренерската клупа, но ниту тренерската промена не му помогна на Вардар да го совлада ривалот кој им го зададе можеби најболниот пораз во минатата сезона на домашен терен во салата Јане Сандански во Скопје.
Иако Иранецот се повреди, сепак на голот го замени расположениот Брестовац, кој одбрани уште неколку погодоци, а Вардар не успеја ниту тогаш да дојдат до победа во денешниот дуел, па конечниот резултат заврши со 28-23 во корист на Еурофарм Пелистер.