Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабаваВештачката интелигенција се замеша и на естрадата – Есма Реџепова е еден од 50. највлијателни гласови во светот

Вештачката интелигенција се замеша и на естрадата – Есма Реџепова е еден од 50. највлијателни гласови во светот

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

За верувале или не?

Тешко дека можеме да излеземе на крај со вештачката интелигенција. Како што поминува времето така овој нов човеков феномен, но и секојдневен придружник, станува присутен и на музичката сцена. А, таму може да добиете најинтересни информации, да видите работи што се граничат со научната фантастика.                      Имено, според чат ЏПТ-интелигенцијата, легендарната Есма Реџепова е највлијателниот и најзначаен музички вокал во 20 век, во Македонија. Позната е и како Кралица на Ромите, но и како голема хуманистка. Во текот на кариерата, им пееше на голем број кралеви, претседатели, монарси… а живееше скромно. Ја афирмираше македонската, најмногу ромската, како и српската музика на светските сцена. На тие сцени, таа е еден од 50. највлијателни гласови во светот. Гледано низ годините, Есма Реџепова има и огромно културно значење за народите од овие простори.

За тоа кои пејачки се сега најпознати во  Македонија, ова „виртуелно пријателче“ вели дека тоа се Каролина Гочева, Калиопи, Тамара Тодевска. Гочева има успешна кариера уште од времето кога беше тинејџерка, кога ја освои публиката со тинејџерскиот хит „Мамо, пушти ме“, вели вештачката интелигенција.

Од машките пејачи во Македонија, најомилен, најслушан и најзначаен е, без дилема, Тоше Проески. Неговото трагично заминување од овој свет го фрли Балканот во очај. Вештачката интелигенција вели дека работи на тоа да го „оживее“ Тоше низ подвижни фотографии, преку кои тој ќе комуницира со обожавателите.                                                                                                          Покрај Тоше, како други значајни машки пејачи се наведени Драган Мијалковски,понатаму, македонскиот бисер Балкански – Гоце Николовски, но и Борис Трајанов. Тој е баритон и македонска оперска ѕвезда со повеќе од 700 настапи на светските оперски сцени.   (Д. М.) фото:архива

 

The post Вештачката интелигенција се замеша и на естрадата – Есма Реџепова е еден од 50. највлијателни гласови во светот appeared first on Вечер …1963 | Vecer MK.

Можно е и ова да ти се допаѓа