Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИ Видеото ги освои мрежите – Тиктокерка зборувала на јазик што многу Словени ќе го разберат без да го научат: Како е тоа можно?

Видеото ги освои мрежите – Тиктокерка зборувала на јазик што многу Словени ќе го разберат без да го научат: Како е тоа можно?

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Инфлуенсерката Татјана Инишина неодамна на својот профил објави видео кое привлече големо внимание поради фактот што користела непознат јазик кој всушност многумина го разбираат.
Така Татјана во видеото кажува како ќе го користи „меѓусловенскиот јазик, кој сите Словени ќе го разберат без да го научат“. Тоа е затоа што тој јазик ги зема основите од словенските јазици и ги користи за комуникација.

Видеото набрзо собра повеќе од шест милиони прегледи, а многумина напишаа дека целосно разбираат што зборува Татина.

„Јас сум од Хрватска. Се’ разбирам од А до Ш“, „Овде босанец. Разбрав се“, „Зошто го разбирам ова“, „Љубов од Македонија“, „Сфатив 99 проценти“, „Се е јасно ми е. Каде можам да го научам овој јазик“, „Јас сум од Летонија, но разбрав се“, „Ова е лудо“, „Како е можно ова“, „Неверојатно“, беа само дел од коментарите под овој.
Инаку, тоа е јазик кој е создаден во 2006 година со цел да ја олесни комуникацијата меѓу граѓаните од различни словенски народи. Создаден е од лингвисти од различни земји, предводени од холандскиот лингвист Јан ван Стенберген.
Тие сметаат дека овој јазик може да го разберат луѓе кои зборуваат некои од споменатите јазици, како што се: босански, хрватски, српски, црногорски, македонски, словенечки, словачки, бугарски, руски, полски, чешки и украински јазици.

Фото: Принтскрин/Instagram

The post Видеото ги освои мрежите – Тиктокерка зборувала на јазик што многу Словени ќе го разберат без да го научат: Како е тоа можно? appeared first on ekran.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro