Почеток КУЛТУРАСцена (ВИДЕО+ФОТО) Реакцијата го обиколи светот – Кралскиот пар во необична авантура: Чарлс и Камила при посетата на Австралија пробале опоениот пијалок на племето

(ВИДЕО+ФОТО) Реакцијата го обиколи светот – Кралскиот пар во необична авантура: Чарлс и Камила при посетата на Австралија пробале опоениот пијалок на племето

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

За време на нивната прва официјална посета на Самоа, кралот Чарлс и кралицата Камила учествувале на традиционалната церемонија каде што испиле пијалок познат како Ава.

Кралската двојка моментално е во Австралија, а неодамна се сретнале со домородците. На свеченоста тие носеле традиционални носии. Церемонијата се одржала на Националниот универзитет во Самоа, а просторот бил украсен со елементи на полинезиската култура.
Лесно опојниот пијалок го подготвувале членовите на племето. Откако овој пијалок се филтрирал низ сито направено од исушена кора од дрво, му бил послужен на кралот во чаша направена од половина кокос.

Пред да ја подигне чашата за прв пат, кралот Чарлс кажал неколку зборови со почит. За време на церемонијата, тој покажал голема почит кон локалните обичаи, облечен во костим направен по нарачка инспириран од традиционалниот самоански стил.
Како знак на почит, на кралот Чарлс му била дадена титулата Туи Таумеасин, што во превод значи „висок поглавар“.
Оваа титула претставува значаен знак на почит и симболично го поврзува со народот и земјата Самоа.

Фото: Принтскрин/Twitter

The post (ВИДЕО+ФОТО) Реакцијата го обиколи светот – Кралскиот пар во необична авантура: Чарлс и Камила при посетата на Австралија пробале опоениот пијалок на племето appeared first on ekran.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro