Почеток СВЕТ (ВИДЕО) Авион се урна врз куќи, уништени се повеќе од 15 објекти, наредена е итна евакуација

(ВИДЕО) Авион се урна врз куќи, уништени се повеќе од 15 објекти, наредена е итна евакуација

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Мал авион се урна во населба во Сан Диего за време на магла рано утрово во четврток, при што запалија околу 15 куќи и беа принудени жителите на неколку блока да бидат евакуирани, соопштија властите.

„Имаме гориво насекаде“, рече помошникот началник на противпожарната служба Ден Еди на прес-конференција.

„Нашата главна цел е да ги пребараме сите овие куќи и да ги извлечеме сите луѓе“, додаде тој, според АП.

Тој рече дека имало „директен удар врз повеќе домови“ во населбата Мерфи Кањон.

Сеуште не е познато дали има повредени.

Еди рече дека имало многу густа магла кога се срушил приватниот авион.

„Едвај можеше да видиш пред тебе“, рече тој.

Федералната администрација за воздухопловство (FAA) соопшти дека авион од типот „Цесна 550“ се урнал во близина на аеродромот „Монтгомери-Гибс“.

„Бројот на луѓе во авионот засега е непознат“, се вели во соопштението на ФАА.

Авионот може да превезува од шест до осум лица.

Текстот (ВИДЕО) Авион се урна врз куќи, уништени се повеќе од 15 објекти, наредена е итна евакуација е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro