Почеток (Видео) Австралиска сенаторка му викаше на Чарлс: Ова не е твоја земја, ти не си мој крал

(Видео) Австралиска сенаторка му викаше на Чарлс: Ова не е твоја земја, ти не си мој крал

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Кралот Чарлс се соочи со скандирањата „ти не си мој крал“ од жена сенатор веднаш откако го заврши својот говор во австралискиот парламент. Лидија Торп викаше и ја прекина церемонијата во главниот град Канбера околу една минута пред да биде испратена од обезбедувањето.

Кралот само што се оддалечи од говорницата за да и се придружи на кралицата Камила, кога Торп почна да вика додека одеше напред од задниот дел на собранието. Откако упати обвинувања за геноцид, таа можеше да се слушне како вика: „Ова не е твоја земја, ти не си мој крал!“

По смирувањето на ситуацијата, кралската двојка ги поздрави граѓаните собрани околу парламентот. Се собраа и помал број демонстранти.

Текстот (Видео) Австралиска сенаторка му викаше на Чарлс: Ова не е твоја земја, ти не си мој крал е превземен од МАКФАКС.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro