Насим Ирани е блогерка и шминкерка која ги освои социјалните мрежи со трансформациите во познати личности, а особено воодушеви со неодамнешното имитирање на пејачката Адел.
Додека Насим вообичаено споделува совети за шминкање и ја покажува својата работа на Инстаграм – она што особено привлекува внимание се нејзините трансформации во познати личности.
Од нејзината последна трансформација во британската пејачка Адел, таа добила голем број комплименти за нејзиниот необичен изглед што успеала да ги пресоздаде со шминка, перики и леќи.
View this post on Instagram
Покрај Адел, на листата на оние „во чија кожа успеала да зачекори“ благодарение на својот талент се нашле и Мерлин Монро, Анџелина Џоли, Клои Кардашијан, Ријана и Лана дел Реј.
View this post on Instagram
За време на трансформацијата во Ријана, таа признала дека користела паста за проширување на носот за што повеќе да наликува на формата на пејачката.
View this post on Instagram
Инфлуенсерката беше пофалена за овие импресивни трансформации, а самата ријалити ѕвезда реагираше на онаа каде што го ископирала изгледот на Клои Кардашијан.
„Леле, ова е лудо. Вие сте толку талентирани, ова е неверојатно“, напишала таа под видеото за трансформација.
Видеата на овие имитации на познати личности привлекоа значително внимание, привлекувајќи стотици илјади прегледи и коментари од луѓе ширум светот.
Фото: Принтскрин/Instagram
The post (ВИДЕО) Адел, Ријана, Клои…Колкава е вистинската моќ на шминката: Блогерката покажала неверојатни трансформации во познати личности appeared first on ekran.