Денес низ Полска се одржаа антимигрантски протести под слоганот „Стоп на имиграцијата!“, организирани од десничарската политичка коалиција Конфедерација.
Собините во 80 градови беа проследени со контрадемонстрации организирани од левичарски групи, објавува агенцијата ПАП.
Протестите собраа илјадници граѓани во Варшава, Катовице, Гдањск, Вроцлав и други градови, со пораки за запирање на „масовната нелегална имиграција“ и затворање на границите со соседните земји.
Еден од лидерите на Конфедерацијата, Кристофер Босак, зборуваше во Бјалисток, велејќи дека Полска мора да ги затвори своите граници со Литванија, Украина, Белорусија и Словачка за секој што се обидува да влезе нелегално.
Тој, исто така, побара на војниците да им се даде законско право да пукаат во оние што нелегално ја преминуваат границата.
„Без решителни мерки за депортации, зајакнување на граничната полиција и контролата на пазарот на трудот, безбедноста во земјата ќе се влоши“, рече Босак.
Пратеникот Пжемислав Виплер изјави во Варшава дека „Полска станува побогата и попривлечна“, поради што станува цел на нелегална миграција.
Контра-демонстрации организирани од левичарски и антирасистички здруженија беа забележани и во неколку градови.
Активистите се собраа во Варшава со пораките: „Фашизмот е злосторство, миграцијата не е злосторство“, „Правото на азил е човеково право“ и „Нема место за расизам во Полска“.
Протестите беа мирни на повеќето места, освен во Катовице, каде што беа забележани инциденти со екстремистички скандирања, огномет и скршени шишиња во толпата, објави Танјуг.
Полска привремено ги врати граничните контроли со Германија и Литванија на почетокот на јули поради зголемениот притисок врз мигрантите. Граничната полиција, армијата и специјалните сили моментално проверуваат возила на повеќе од 60 гранични контролни пунктови.
The post (ВИДЕО) Антимигрантски демонстрации низ цела Полска appeared first on Локално.