Почеток СВЕТ ВИДЕО: Бесните жители на Валенсија го гаѓаа шпанскиот крал со кал

ВИДЕО: Бесните жители на Валенсија го гаѓаа шпанскиот крал со кал

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Шпанскиот крал Фелипе Шести се соочи со гневните демонстранти при посетата на регионот Валенсија, кој беше погоден од катастрофални поплави.

На снимките се гледа како бесните жители извикуваат „убиец“ и „срам“ кон кралот. Го прашуваат и зошто ништо не е преземено за да се избегне трагедијата.

Најлошите поплави во Шпанија во последните децении оставија цели населби покриени со кал и со расфрлани, извалкани автомобили и остатоци.

Во поплавите загинаа повеќе од 200 луѓе, а многу повеќе се водат како исчезнати. Службите заспасување продолжуваат да ги пребаруваат подземните паркиралишта и тунелите со надеж дека ќе најдат преживеани и ќе извлечат тела.

Текстот ВИДЕО: Бесните жители на Валенсија го гаѓаа шпанскиот крал со кал е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro