
Борусија Дортмунд запиша драматична победа над Хамбургер со 3-2 на „Сигнал Идуна Парк“ во натпревар од 32. коло во Бундеслигата.
Гостите од Хамбург одиграа одлично прво полувреме и по 38 минути имаа предност од 0-2. Одбраната на домашните беше во сериозни проблеми, па Филип Отеле го отвори резултатот по грешка на Даниел Свенсон, додека Самби Локонга искористи уште една неорганизираност и рутински зголеми на 0-2. Во самиот финиш на првиот дел Борусија имаше можност да се врати, но Феликс Нмеча не го реализираше првиот пенал и пропушти голема шанса.
Сепак, во второто полувреме следуваше целосен пресврт. Тренерот Нико Ковач направи неколку брзи измени кои веднаш дадоа резултат, а домаќините добија уште два пенали. Од првиот во 73. минута Рами Бенсебаини намали на 1-2, а пет подоцна израмнување донесе Серху Гираси. Бргу потоа „милионерите“ и третпат беа испратени на белата точка, одново одговорноста ја презеде Бенсебаини и погоди за пресврт (3-2).
- Извештај од натпреварот:
Со овој пресврт Борусија дојде до нови три бода и сега има 61 на второто место, додека Хамбургер до 30 котира на „плус шест“ од опасната зона во германската елита.
www.gol.mk
