Почеток (Видео) Во Боливија уништени 21,6 тони кокаин, пратката била наменета за Германија

(Видео) Во Боливија уништени 21,6 тони кокаин, пратката била наменета за Германија

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во Боливија се уништени 21,6 тони кокаин по „најголемата заплена“ на дрога во историјата на земјата, објавија властите.

Кокаинот бил пронајден на 15 октомври во пратка соја.

„Ја информираме Боливија и меѓународната заедница за денешното согорување на 21,6 тони конфискуван кокаин“, објави на Фејсбук министерот за внатрешни работи Едуардо Дел Кастиљо.

Ова е најголемата заплена на дрога во историјата на Боливија и една од најголемите во регионот во последните години во една операција, рече министерот.

Пратката со кокаин била наменета за Германија.

Според податоците на ОН, Боливија е трет производител на кокаин, по Перу и Колумбија.

Текстот (Видео) Во Боливија уништени 21,6 тони кокаин, пратката била наменета за Германија е превземен од МАКФАКС.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro