Почеток (Видео) Во Грција отворена истрага за мистериозна смрт на четири бебиња

(Видео) Во Грција отворена истрага за мистериозна смрт на четири бебиња

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Топ тема во соседна Грција е смртта на четири бебиња во Амалијада, за што е отворена истрага, а шокантниот факт е дека во моментов на нивната смрт секогаш е присутна 24-годишна девојка.

Две од децата се нејзини, а две на нејзини пријателки.

Првото бебе, новороденче на девојката, под сомнителни околности, починало во јуни 2022 година.

Една година подоцна починала и нејзината втора ќерка, која имала само два месеци.

Во август годинава починало 15-месечно момче, син на нејзината пријателка, а во меѓувреме се откри и дека во 2021 година починало уште едно бебе на друга нејзина пријателка.

Грчките медиуми објавија и дека пред десет години животот го загубила и сестрата на осомничената, која ненадејно починала кога имала само неколку месеци, а причината за смртта никогаш не била откриена.

Видео: Open TV

The post (Видео) Во Грција отворена истрага за мистериозна смрт на четири бебиња appeared first on еМагазин.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro