Почеток СВЕТ (ВИДЕО) Десетици илјади луѓе на улиците во Грузија, ја молат Европската Унија за помош: „Ние не ја сакаме Русија“

(ВИДЕО) Десетици илјади луѓе на улиците во Грузија, ја молат Европската Унија за помош: „Ние не ја сакаме Русија“

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Десетици илјади Грузијци се собраа вечерва пред парламентот барајќи поништување на парламентарните избори одржани викендов.

– Не ги изгубивте изборите – им порача претседателката Саломе Зурабишвили на толпата што вее знамиња на Грузија и на Европската Унија.

-Ти го украдоа гласот и се обидоа да ја украдат иднината, но никој нема право на тоа и нема да дозволиш никому да го направи тоа – додаде таа.

Зурабишвили најави дека ќе продолжи да го претставува патот кон Европската унија.

– Немаме алтернатива, сакаме да ја оставиме оваа земја на следните генерации – нагласи таа.

Лидерот на коалицијата – Обединето национално движење, Ѓорѓи Вашадзе изјави дека опозицијата нема да учествува во никакви преговори со власта и дека ќе се залага за нови избори под меѓународен надзор.

– Нема да влеземе во овој парламент. Ги отфрламе сите мандати. Нема да влегуваме во никакви преговори. Одиме да се бориме до победа и ви ветуваме дека заедно сигурно ќе победиме – изјави тој.

Текстот (ВИДЕО) Десетици илјади луѓе на улиците во Грузија, ја молат Европската Унија за помош: „Ние не ја сакаме Русија“ е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro