Македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов ги спакува куферите, ја напушти Македонија и замина на далечен пат – Канада или едноставно привремено се „отсели“ во Северна Америка.
Џамбазов редовно се огласува на социјалната мрежа Инстаграм, па така и оттаму со една фотографија се обиде да ја долови атмосферата и енергијата со која повторно ги воодушеви своите следбеници, но и со описот кој и го додаде.
Игор докажано може да се снајде и адаптира секаде, а Канада овој пат е една подалечна дестинација и далеку од неговата Македонија каде заедно со Гуру Харе во сабота ќе одржат концерт за многубројните македонските иселеници.
Џамбазов сега прати поздрав оттаму и не изостави да каже колку веќе му недостасува неговата сакана Македонија.
„Конечно стигнавме. Преку океанот. Еве сме со нашите домаќини. Со нив како да сме дома. Во сабота е концертот. Денес Гуру Харе си одбра гитара и појачало. Јас си купив ново укулеле. Утре ни е првата проба со бендот. Салата е распродадена. Тоа е народе. Сè е под контрола. Само што ми фали Ферхунде. А по малку и вие … Чувајте ми ја Македонија, барем до понеделник. Во вторник се враќам…“, напиша Игор.
View this post on Instagram
Инаку, Игор веќе некое време не е сам, ја има четириножната миленичка Ферхунде . Иако откако ја загуби мачката Емилија, кажа дека не би можел да го отвори срцето за нов крзнен пријател, но не излезе баш така.
View this post on Instagram
Сепак, тој не успеа да одолее на новата љубов, на единствената негова драга Ферхунде Граникова Џамбазова од „расата сретеновски вучјак“.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram
Извор: vistina.mk
The post (ВИДЕО) Игор Џамбазов замина преку океанот и прати поздрав до Македонците: „Тоа е народе. Чувајте ми ја Македонија“ appeared first on ekran.