Почеток МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Ковачки: СДС и нивната непромислена политика на веднење кичма ја донесе Македонија до степен на негација од Бугарија

(ВИДЕО) Ковачки: СДС и нивната непромислена политика на веднење кичма ја донесе Македонија до степен на негација од Бугарија

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

СДС и нивната непромислена политика на виткање кичма ја донесе Македонија до степен на негација од страна на Бугарија. Работи на кои претходно бугарската политика гледала како на невозможни, затоа што се во корен неразумни и неморални за Заев и Филипче се пракса во нивното делување, изјави Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Политиката на Пендаровски, Заев и Филипче и донесе на Македонија бришење на македонскиот јазик и идентитет од Извештајот на ЕП. Сега се гледаат штетите кои СДС ги направи врз државата во целиот свој спектар. Дотолку повеќе се гледа колку државата ќе беше дополнително заглавена, доколку ВМРО-ДПМНЕ не се спротиставеше во корен на штетните политики на СДС.

Бришењето на јазикот и идентитетот од Извештајот на ЕП се доказ дека на Бугарија никогаш не и било до Бугари во Устав. Сосема спротивно, тоа е само алатка за целосна негација на државата. ВМРО-ДПМНЕ упатува порака, дека нема да се помрдне ниту милиметар без да имаме почитување од страна на Бугарија, и гаранции од европските институции. Ова е злоупотреба на ЕУ од страна на Бугарија, и киднапирање на целиот процес, рече Ковачки.

Текстот (ВИДЕО) Ковачки: СДС и нивната непромислена политика на веднење кичма ја донесе Македонија до степен на негација од Бугарија е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro