Тестенините може да се подготват на многу начини…а денес ви донесуваме еден од нив…
Потребно е:
300 гр тестенини
2 јајца
2 коцки тврдо сирење
1 полна лажица кисела павлака
на врвот на една лажичка прашок за пециво
200 мл јогурт
2 супени лажици маслиново масло
Подготовка:
Сварете ги тестенините. Во поголем сад се матат јајцата, се додава издробеното сирење, маслото, јогуртот, пецивото, павлаката и се се меша рамномерно. Ставете ги тестенините во неа и направете се да биде убаво измешано.
Намачкајте со масло плех со димензии 30 x 20 и истурете ги тестенините. Се пече на 220 степени 30 минути малку да се запечат.
Фото: Принтскрин/YouTube
The post (ВИДЕО) Кремасти тестенини со сирење и павлака: Брз и лесен оброк! appeared first on ekran.