Почеток (Видео) Мал авион се сруши на пат во Италија – загинаа две лица

(Видео) Мал авион се сруши на пат во Италија – загинаа две лица

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Тешка авионска несреќа се случила вчера во италијанската покраина Бреша, кога ултра лесен авион се срушил во местото Ацано Мела, близу сообраќајниот јазол Корда Моле, кој ги поврзува автопатите А4 и А21. Двете лица кои биле во авионот починале на лице место, пренесе RaiNews.

Авионот полетал од Пјаченца, а по неколку часа властите ги идентификувале жртвите – се работи за 75-годишен маж од Милано и неговата 60-годишна партнерка.

Во несреќата индиректно учествувале и двајца возачи на автомобили. При падот, авионот се запалил, а автомобилите во тој момент поминувале низ местото на несреќата и минале низ пламенот.

Снимка од падот на авионот се прошири на социјалните мрежи.

Еден од возачите, 56-годишен маж, бил пренесен во болницата Полиамбуланца во Бреша како мерка на претпазливост, иако немал видливи повреди. Другиот возач, стар 49 години, бил прегледан на лице место и не било потребно да биде хоспитализиран.

Јавното обвинителство во Бреша побарало помош од воздушната полиција од Милано за да се утврдат сите околности околу падот. Истрагата е во тек и има за цел да ги разјасни причините и динамиката на оваа трагична несреќа.

Текстот (Видео) Мал авион се сруши на пат во Италија – загинаа две лица е превземен од МАКФАКС.