Почеток СВЕТ (ВИДЕО) Масовен руски во Украина, нападнати се неколку аеродроми

(ВИДЕО) Масовен руски во Украина, нападнати се неколку аеродроми

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Руските вооружени сили извршија групен напад со прецизно водени оружја со долг дострел врз неколку украински воени аеродроми, објави руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека во нападот биле користени хиперсонични ракети „Кинжал“, како и беспилотни летала со долг дострел, а целите биле објектите на воздухопловната инфраструктура на украинската армија, објави агенцијата РИА Новости.

„Сите планирани цели беа погодени, а одредени непријателски објекти беа уништени“, соопшти министерството.

Според украинските медиуми, серија експлозии одекнаа во Харков, Полтава и Луцк, поради воздушната закана што траеше во текот на целата ноќ.

Координаторот на проруските паравоени сили во Николаев, Сергеј Лебедев, изјави дека биле погодени воени аеродроми и бази во Полтава, Житомир, Конотоп, Миргород, Нижин, Луцк, Лавов и регионот Киев.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нападите биле извршени како одговор на, како што рече, нападите на украинските сили врз цивилната инфраструктура во граничните области на Русија.

Текстот (ВИДЕО) Масовен руски во Украина, нападнати се неколку аеродроми е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro