Рита Ора настапувала во Јапонија, а за време на изведбата на песната што ја снимила со Лиам Пејн, завршила во солзи и не можела да пее.
Пејачката настапила по веста дека Пејн починал, а заедно со него снимила дует за филмот „Fifty Shades Freed“.
„Не можам да го пеам ова во моментов“, рекла Ора за време на изведбата на „For You“, додека во позадина била прикажана фотографија од неа и Лијам.
For You (With Rita Ora)
リアム・ペイン,リタ・オラ先程終わった大阪公演 の映像を拾う。
悲しみの中ほとんど歌えなかったみたい。@RitaOra @LiamPayne @liampaynejp
本日の大阪公演 #リタオラ はこの曲を歌えるのか? 追悼の言葉とか思い出話はあるのか? #RITAORA #ritaora pic.twitter.com/b58a71caYu— 肉 Jason 24 (@nikuniku2424241) October 17, 2024
Пред тоа, пејачката се огласила на социјалните мрежи за да се збогува со пејачот.
„Потресена сум. Имаше најљубезна душа, никогаш нема да го заборавам – беше вистинско задоволство да се биде на сцената и вон неа. Оваа трагична вест миго крши срцето. Ги испраќам сета љубов и молитви до неговото семејство и најблиските. Нашата песна „For You“ сега добива сосема ново значење за мене“, напишала Ора.
View this post on Instagram
Пејн починал во Буенос Аирес откако паднал од балкон на хотел на третиот кат. Според прелиминарниот извештај од обдукцијата на локалното јавно обвинителство, Пејн починал од „повеќекратна траума“ и „внатрешно и надворешно крварење“ како резултат на падот.
Обвинителството соопштило дека инцидентот се истражува како „сомнителна смрт“, иако се чини дека музичарот бил сам во моментот на падот.
Фото: Принтскрин/X
The post (ВИДЕО) Настапувала во Јапонија – Рита Ора во солзи на концертот се обидела да ја испее песната што ја снимила со Лијам Пејн appeared first on ekran.