Почеток (Видео) Началник од Кочани со полициска значка „плаќал“ патарина

(Видео) Началник од Кочани со полициска значка „плаќал“ патарина

еМагазин
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Полицискиот началник А.М. (45), доби кривина пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР), поради злоупотреба на службената положба и овластувања.

Како што информираа од таму, тој во неколку наврати со неговото приватно возило поминал на наплатните станици „Кадрифаково“ и „Преод“ без да плати патарина покажувајќи ја службената легитимација.

„Пријавениот, вработен во МВР како началник на Отсекот за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Кочани – СВР Штип на 11. јули годинава во неколку наврати поминувајќи ги наплатните станици Кадрифаково и Преод со негово приватно возило на вработените во кабината им ја покажувал легитимацијата и ги поминувал наплатните станици“, соопштија од МВР.

Покрај кривичната, од МВР најавуваат дека ќе се поведе и дисциплинска постапка за него, а во меѓувреме полицискиот службеник ќе биде отстранет од работното место до завршување на постапката.

Во врска со случајот, од Јавното претпријатие „Државни патишта“ е доставен видеоматеријал од безбедносните камери на посочените наплатни станици на кои се гледа како тој ја покажува легитимацијата и ја поминува патарината без да плати.

Видео: МВР

The post (Видео) Началник од Кочани со полициска значка „плаќал“ патарина appeared first on еМагазин.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro