Невреме од дожд ја напушти шпанската провинција Валенсија, откако загинаа најмалку 217 луѓе, и ја погоди Каталонија каде метеоролошката служба повика на голема претпазливост. Метеоролошката служба АЕМЕТ извести дека „метеоролошката криза заврши во провинцијата Валенсија“ каде што продолжува потрагата по исчезнатите.
RED WARNING for Barcelona Coastline. Extreme danger due to torrential rain! This is in Castelldefels in the province of Barcelona in Catalonia, Spain.
It’s never ending pic.twitter.com/jhV817tKv1
— Volcaholic (@volcaholic1) November 4, 2024
Но, во исто време таа ги повика жителите на Каталонија, соседна провинција со 7,5 милиони жители, да бидат крајно внимателни поради обилните дождови.
Baix Llobregat
Viladecans y Castelldefels. pic.twitter.com/jHMIAXkw7u— E X T E B E (@EtxebeRS) November 4, 2024
Во Каталонија, сообраќајот на приградските возови е прекинат поради неповолните временски услови и предупредувањата за обилни врнежи од дожд, објави операторот Rodalies de Catalunya на својата веб-страница. Возовите во сообраќајот сепак ќе стигнат до својата дестинација.
Текстот (ВИДЕО) Невремето од Валенсија се пресели во Барселона, поплавени улици, отежнат сообраќајот на возовите е превземен од А1он.