Британската суперѕвезда Адел не можела да ги задржи солзите кога ја видела својата музичка икона, Селин Дион, во нејзината концертна резиденција во Лас Вегас.
Емотивниот момент се случил во театарот Колосеум во Палатата Цезар, место првично изградено за дебитантската резиденција на Дион во 2003 година.
Кога се сретнале, Адел почнала да плаче. По неколку секунди гушкање, Адел споделила неколку зборови со Дион, додека канадската пејачка нежно го држела лицето на Адел во рацете.
Потоа дошол моментот кога Дион и ја бакнала раката на Адел, додека Адел ја поздравувала публиката, благодарна за поддршката.
Quand Adèle s’effondre en larmes en voyant la présence de Céline Dion à son concert de cette nuit à Las Vegas. pic.twitter.com/JwJrfq4X8j
— NEWS TV RÉAL (@NewsTVReal) October 27, 2024
Гледајќи ја оваа сцена, еден од посетителите, Насер, за BBC News изјавил: „Изгледаше како Селин гордо да и ги предава клучевите на Адел. Кога Адел ја прегрна, сите ја почувствувавме таа емоција“.
Познато е дека Адел ја обожава Селин Дион, а Дион секогаш го истакнувала своето воодушевување од талентот на британската пејачка.
Во јануари 2018 година, Адел имала можност да ја посети Дион зад сцената откако канадската пејачка настапила во Лас Вегас. Оваа нова средба повторно ги разгорела спомените и создала уште еден незаборавен момент.
Фото: Принтскрин/Twitter
The post (ВИДЕО) Незаборавни моменти – Адел во солзи на концерт во Лас Вегас: Емотивна средба со Селин Дион appeared first on ekran.