Почеток ЕКОНОМИЈА(Видео) Нема 2.500 денари покачување, пензионерите се грубо измамени од ВМРО ДПМНЕ, вели Кузеска

(Видео) Нема 2.500 денари покачување, пензионерите се грубо измамени од ВМРО ДПМНЕ, вели Кузеска

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Со последната најава за линеарно покачување на пензиите за само 1.000 денари, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го покажа своето лицемерие и длабокото потценување на пензионерите, кажа портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, во одговор на новинарско прашање.

„ДПМНЕ велеа дека на пензионерите со методологијата им се дадени бедни 5% а ова е помалку од 5%. Пензионерите се грубо измамени – ветеното покачување од 2.500 денари се претвори во симболични 1.000 денари. Дали егзистенцијата на нашите највозрасни сограѓани треба да се третира со ваков понижен однос? Секако не. Одговорот пред пензионерите мора да го даде ВМРО-ДПМНЕ – зошто ветуваа едно, а испорачуваат понижувачко ништо?“, рече Кузеска.

Според неа, покачувањето на пензиите без економска основа и без почитување на пензискиот модел што обезбедува стабилност, власта директно го загрозува пензискиот систем на долг рок.

„ВМРО-ДПМНЕ јасно демонстрира дека нема вистинска грижа за пензионерите. Трошоците за живот во изминатитата година се зголемија за над 6.000 денари. Наместо одржливо и праведно унапредување на пензискиот стандард со постојано зголемување на пензиите гледаме ad hoc, популистишки и штетни за пензиоенрите решенија кои се диктирани само од дневна политичка потреба на власта“, вели Кузеска.

Текстот (Видео) Нема 2.500 денари покачување, пензионерите се грубо измамени од ВМРО ДПМНЕ, вели Кузеска е превземен од МАКФАКС.

Можно е и ова да ти се допаѓа