Колачот со афион е уникатна и освежителна комбинација на вкусови. Се подготвува брзо и лесно, домашните ќе бидат воодушевени од овој десерт.
Овошниот колач со афион е задоволство што вашите домашни ќе го сакаат. Подготовката на овој десерт е едноставна и можете да брилјирате за кратко време. Во продолжение ви го пренесуваме рецептот за овој вкусен колач – торта.
Состојки:
4 јајца
100 грама мелен афион
7 лажици брашно
9 лажици афион
1 прашок за пециво
1 големо кисело јаболко
100 гр замрзнато овошје
малку суво грозје
200 мл јогурт
Подготовка:
Јајцата се матат со шеќер, се додаваат брашното, афионот и прашокот за пециво. Додадете масло, јогурт, овошје и сè измешајте. Се става во намрсен плех и се пече на 200 степени 40 мин.
Одозгора можете да ставите и растопено чоколадо ако сакате.
Фото: Принтскрин/YouTube
The post (ВИДЕО) Ненадминат овошен колач со афион! Задоволство кое вашите домашни ќе го обожаваат appeared first on ekran.