Почеток СВЕТ(ВИДЕО) Никој не преживеа во падот на рускиот авион Антонов-24

(ВИДЕО) Никој не преживеа во падот на рускиот авион Антонов-24

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

На социјалните мрежи се појавија видеа од местото на падот на рускиот авион што се урна утрово на само 15 километри од неговата крајна дестинација, градот Тинда. Според прелиминарните информации од руските служби за итни случаи, ниту еден од 43-те патници и шесте членови на екипажот на авионот Ан-24 што се урна во регионот Амур не преживеал.

Запалениот труп на авионот бил забележан за време на воздушно пребарување на планинска падина на 15 километри од Тинда, кое било започнато веднаш откако авионот исчезнал од радарот.

Пожарот од трупот на урнатиот авион бил забележан од хеликоптер, а спасувачките екипи веднаш биле испратени на местото на падот.

Авионот, чиј број на опашката укажувал дека е изграден во 1976 година, бил управуван од авиокомпанијата Ангара со седиште во Сибир.

Авионот на Ангара ерлајнс полетал од Благовешченск кон Тинда во 12:58 часот утрово и изгубил контакт откако кружел.

Шефот на Амурската област, Василиј Орлов, изјави дека во авионот имало 43 патници, меѓу кои пет деца, како и шест членови на екипажот.

Времето во областа каде што исчезна авионот било лошо, а летот првично бил одложен.

Обвинителството започнало истрага, а Истражниот комитет отворил кривична постапка за кршење на безбедносните прописи.

Текстот (ВИДЕО) Никој не преживеа во падот на рускиот авион Антонов-24 е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа