Почеток СПОРТВИДЕО: Ница парираше колку што можеше, но убедливо загуби од ПСЖ

ВИДЕО: Ница парираше колку што можеше, но убедливо загуби од ПСЖ

Гол мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Пари Сен Жермен одигра моќен натпревар и славеше со убедливи 0-4 на гостувањето кај Ница во 27. коло од Лига 1, со што се врати на врвот на табелата со натпревар помалку од Ленс.

  • Извештај од натпреварот:

Домашната екипа на „Алианц Ривиера“ парираа од стартот на мечот и пружија отпор. Сепак, парижани поведоа во 42. минута кога Нуно Мендеш реализираше пенал, а на стартот на вториот дел истиот играч асистираше за Дезире Дуе кој погоди за 0-2.

Задачата за гостите дополнително се олесни во 61. минута кога Јусуф Ендајшимие беше исклучен поради груб старт. ПСЖ ја искористи бројчаната предност, па во 81. минута Усман Дембеле му асистира на Дро Фернандез кој го постигна својот прв сениорски гол. Конечните 0-4 ги постави Ворен Заир Емери четири минути подоцна, за убедлив триумф на тимот од Париз.

ПСЖ стигна до 60 бода и со натпревар помалку од Ленс има бод повеќе на врвот на табелата. Од друга страна Ница со 27 е на „плус пет“ над опасната зона.

www.gol.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остави коментар