Почеток СВЕТВИДЕО: Нова рунда преговри Украина-Русија утре, најави Зеленски

ВИДЕО: Нова рунда преговри Украина-Русија утре, најави Зеленски

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија е планирана за утре во Турција, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи се на секретарот на украинскиот Совет за безбедност.

„Денеска разговарав со Рустем Умеров за подготовката за размена на затвореници и новата средба со руската страна во Турција“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање.

„Умеров извести дека средбата е планирана за среда. Повеќе детали ќе бидат достапни утре“, додаде Зеленски.

Умеров, кој сега е секретар на Советот за безбедност на Украина, ги водеше првите две рунди преговори со Русија како министер за одбрана.

Текстот ВИДЕО: Нова рунда преговри Украина-Русија утре, најави Зеленски е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа