Порталот Плусинфо објави објави снимка од надзорна камера, од која, како што пишува, се гледа дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска прва започнува со напад при денешната обиколка на дивоградби во Општина Чаир.
-Таа, со клоци удира маж кој потоа и возвраќа со напад. Во заднина се слуша женски глас како зборува на висок тон. Од снимата јасно се гледа дека полицијата веднаш реагира и го приведува мажот, пишува порталот.
Веднаш по објавата реагираше Арсовска која вели дека на снимката која што според неа е лиферувана од МВР, намерно не се прикажани шамарати и боксовите кои и ги удира командант Барути.
„На видеово сами што го лиферувале МВР. Не им се гледаат БОКСОВИТЕ И ШАМАРИТЕ што ми ги удира командант Барути. Ама им се гледало дека се бранам?
Јас го напаѓам него или тој мене? Јас се движам кон него или тој кон мене? Се враќам чекор назад и се бранам Како не ви е срам лавови вмровски, да го браните командантов на ОВК!
The post (ВИДЕО) Објавена снимка на која се тврди дека градоначалничката прва нападнала; Арсовска: Како не ви е срам лавови вмровски, да го браните командантов на ОВК! appeared first on Локално.