Почеток Наука и Технологија (Видео) Оваа жена не е вистинска и е најдобар доказ колку напреднала вештачката интелигенција

(Видео) Оваа жена не е вистинска и е најдобар доказ колку напреднала вештачката интелигенција

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

ВИ-моделите постојат веќе некое време, а колку напредувала вештачката интелигенција (ВИ) најдобро покажува видеото што кружи на социјалните мрежи.

Корисникот на X, Николас Нојберт, сподели видео од жена што држи говор и – луѓето не може да препознаат дали се работи за вистинска личност.

Имено, овој модел со вештачка интелигенција изгледа толку реално што многумина напишаа дека границата помеѓу вештачката интелигенција и реалноста е избришана.

„Не е реална. Не верувајте во ништо што ќе видите“, напишал еден корисник, а друг со неверување прашал: „Ова е целосно ВИ?“

„Не е совршено, но многу е блиску. Ова е блиску до магија“, заклучил трет додавајќи дека забележал неправилности со микрофонот, но дека снимката сепак била зачудувачка, а еден на шега напишал: „Готово е“.

„Ова е лудо“, „Ова се случува пребргу“ и „Изгледа лудо добро, речиси е невозможно да се каже дека не е вистинска личност“, се дел од коментарите.

Моделите со вештачка интелигенција се присутни веќе некое време. На пример, моделот со вештачка интелигенција Емили Пелегрини е вирална сензација и го привлече вниманието на милионерите и некои познати спортисти, кои ја помешаа со вистинска личност.

Покрај тоа, неодамна се одржа првиот натпревар за убавина во светот со вештачка интелигенција, а победник беше мароканскиот инфлуенсер со вештачка интелигенција, Кенза Лејли.

Текстот (Видео) Оваа жена не е вистинска и е најдобар доказ колку напреднала вештачката интелигенција е превземен од МАКФАКС.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro