Стотици граѓани се собраа денеска во близина на старата железничка станица во Белград на протест барајќи одговорност од властите за падот на настрешницата во Нови Сад.
Граѓаните се упатија од Железничката станица кон Министерството за градежништво. Пред полицискиот кордон во Министерството се обрати активистот Иван Бјелиќ од организацијата „SviĆe“, а потоа ги повика насобраните на едноминутно молчење за жртвите од несреќата на железничката станица во Нови Сад.
Насобраните демонстранти истурија црвена боја пред зградата на Министерството за градежништво.
Униформирана полиција е присутна кај зградата на Владата на Србија, а полициски кордон има и пред Министерството, односно меѓу демонстрантите и зградата на Министерството.
Протестот го свика групата „ SviĆe“, чиј активист Никола Ристиќ утрово беше приведен во полициска станица.Организаторите на протестот информираа дека тој е пуштен.
Текстот ВИДЕО: Протести во Белград, се бара одговорност за несреќата во Нови Сад е превземен од А1он.