Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИ(ВИДЕО) Сакаше фотка за спомен со ајкулата, но брзо потоа зажали

(ВИДЕО) Сакаше фотка за спомен со ајкулата, но брзо потоа зажали

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Американецот Шон Мијус заврши со повреда на ногата откако се обиде да се фотографира со ајкула на плажа во Флорида.

Инцидентот се случи минатата сабота, кога Мијус и неговите пријатели отишле на ноќен риболов за да го прослават неговиот роденден.

Според видеото, група Американци ја извлекле ајкулата на брегот, а славеникот позирал за фотографија.

Неколку моменти подоцна, сè тргна наопаку. Додека младиот човек ја држеше ајкулата за главата, а неговиот пријател за опашката, таа се сврте и го зграби за ногата.

Несреќниот човек почна да вреска од болка, додека морскиот предатор исчезна во длабочините.

Текстот (ВИДЕО) Сакаше фотка за спомен со ајкулата, но брзо потоа зажали е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа