Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИ(ВИДЕО) Снимката од запросувањето на плажа во Умаг ги освои мрежите: Несаканиот гостин во позадина го украл шоуто

(ВИДЕО) Снимката од запросувањето на плажа во Умаг ги освои мрежите: Несаканиот гостин во позадина го украл шоуто

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Видео од запросување од плажа во Умаг беше споделено на TikTok, а веднаш стана хит на оваа социјална мрежа поради неочекуваниот гостин во позадина.
Двојка која се свршила на плажа во Умаг имала црвен тепих, ливчиња од роза, балони и свеќи – сè што можете да очекувате од запросување. Сепак, тие имале и еден дополнителен специјален ефект.
Имено, видеото кое беше споделено на TikTok го прикажува момчето по име Роберто кое клекнало пред своите пријатели за да ѝ предложи брак на девојката.

@beltartuf prelepo #umag ♬ Jet2 Advert – ✈A7-BBH | MAN 🇬🇧

Сепак, во моментите кога таа велела: „Да“, а присутните аплаудирале, еден пливач излегол од морето и го украл шоуто.
Тој одел зад парот и по пат им мавтал на камерите што го снимале овој момент.
Видеото предизвикало бројни реакции, а на многумина им било доста смешно што тој не се ни обидел да се скрие за да не биде во кадарот за време на запросувањето.
„Тој беше сирената во позадина“, напишале тие под видеото на TikTok кое собра повеќе од 11 милиони прегледи, а се пошегувале и дека тоа е Аквамен, но прашале и: „Која е дивата во позадина?“.

Фото: Принтскрин/TikTok

The post (ВИДЕО) Снимката од запросувањето на плажа во Умаг ги освои мрежите: Несаканиот гостин во позадина го украл шоуто appeared first on ekran.

Можно е и ова да ти се допаѓа