Шпанeц со помош на детектор за метал дошол до неверојатни откритија на плажите на Ибица, откопувајќи еден предмет што никогаш претходно не го сретнал, пишува „Мирор“.
Младиот тиктокер во своите видеа редовно известува за вредните предмети што ги наоѓа на неочекувани места, а неодамна се пофали и со богат „улов“ од популарниот остров.
Имено, тој тврди дека поминал четири часа песочните плажи со детектор и пронашол еден куп монети и дури седум златни прстени. Заедно со една од снимките напишал: „Благодарам на морето за сè што ми дава“.
Младиот авантурист открива дека еден од прстените има 19 карти, а другиот 18.
The post (ВИДЕО) Со помош на детектор нашол мало богатство на плажите на Ибица appeared first on Локално.