Почеток СПОРТВИДЕО: Спектакуларен гол во Премиер лигата е поништен поради правило кое малкумина го знаат

ВИДЕО: Спектакуларен гол во Премиер лигата е поништен поради правило кое малкумина го знаат

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Фудбалерот на Кристал Палас, Еберечи Езе, постигна феноменален гол против Челзи на Стемфорд Бриџ, но за жал, не беше признат.

Тоа се случи во првото полувреме од слободен удар кога тој ја проби мрежата на домашниот тим од околу 20 метри оддалеченост.

Сепак, судијата Дарен Ингланд одлучи да го поништи тој гол, по повик од VAR собата. Што се случи?

Голот на Палас беше поништен бидејќи нивниот играч (Марк Гуехи) стоеше на помалку од еден метар од ѕидот.

Тоа е правило кое малкумина го знаат, а потоа официјално пристигна соопштението и објаснувањето од Премиер лигата:

„Кога се изведува слободен удар, ако напаѓачката екипа ги смести своите играчи во „живиот ѕид“ на одбраната (помалку од 1 метар од ѕидот со најмалку 3 одбранбени играчи) – тоа не е дозволено“.

Поради ова, резултатот остана 0:0.

Текстот ВИДЕО: Спектакуларен гол во Премиер лигата е поништен поради правило кое малкумина го знаат е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа