Очевидци на страшната несреќа во Турција, во која според првичните информации, шест лица загинаа, а 25 се повредени, велат дека возачот на автобусот со туристи изгубил контрола над возилото пред да се преврти.
Еден од патниците во автобусот опишува што се случило:
„Спиев, појасот ми беше врзан и наеднаш се превртевме“, изјави Рамазан Дурмуш.
Aksaray’da feci otobüs kazası! Ölü ve yaralılar varhttps://t.co/ysCziSN3x7#Aksaray #SonDakika pic.twitter.com/5nxgAyXWC0
— Son Dakika 23 – Elazığ Haber (@sondakika23) October 18, 2024
Се огласи и возачот од автопатот кого автобусот го престигнал непосредно пред да се преврти.
„Штом ме престигна, автобусот почна да оди лево-десно. Мислам дека возачот заспа, ги вклучив долгите светла и почнав да му свирам“, изјавил еден од возачите за „Хариет“.
Турските медиуми јавуваат дека несреќата се случила утринава околу седум часот на 25. километар од автопатот од Аксарај кон Анкара, недалеку од селото Аџипинар.
По превртувањето, автобусот ја пробил заштитната ограда на автопатот и застанал по 90-ина метри.
Aksaray’da ilk belirlemelere göre 6 kişinin can verdiği, 20 kişinin yaralandığı otobüs kazasının ilk görüntüleri geldi.pic.twitter.com/ko9I4h1jWp
— 23 DERECE (@yirmiucderece) October 18, 2024
Во автобусот имало 41 патник, двајца возачи и еден туристички водич. Веднаш по несреќата, на местото на трагедијата излегле голем број полициски патроли и противпожарни возила, а итните служби ги префрлиле повредените во болницата во Аксарај.
Телата на загинатите се пренесени во истата болница во која ќе биде извршена обдукција.
Текстот (Видео) „Спиев, појасот ми беше врзан и наеднаш се превртевме“: вели патник што ја преживеа несреќата во Турција е превземен од МАКФАКС.