Почеток Скопје(ВИДЕО) Стефковски: Фатени и санкционирани граѓани кои ја злоупотребуваат водата

(ВИДЕО) Стефковски: Фатени и санкционирани граѓани кои ја злоупотребуваат водата

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Секторот за инспекција при Општина Гази Баба продолжува со вонредни инспекциски контроли во населените места Црешево, Булачани, Раштак и Смилковци, со цел да се спречи злоупотребата на водоводниот систем и да се заштитат граѓаните, објави Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба.

„Во текот на денешниот ден, инспекциските служби на терен фатија и санкционираа:

-Лицето Т.К. од Црешево беше затекнато како полни сопствен бунар со вода од јавниот водоводен систем. На лицето му е издаден прекршочен налог во висина од 200 евра.

-Во населеното место Раштак беа откриени два диви приклучоци на системот. Истите веднаш беа санкционирани и исклучени од водоснабдување. Инспекцијата ќе продолжи со засилени вонредни контроли и во наредните денови“, потенцира Стефковски.

И тој додаде: Како градоначалник, нема да дозволам граѓаните да страдаат поради постапките на поединци! Ќе преземам сè што е во моја надлежност.

-Апелирам и барам ЈП „Водовод и канализација“ и Град Скопје да постапат во рамките на своите надлежности и итно да преземат мерки, со цел жителите на Автокоманда, Ченто, Маџари, Железара и Хиподром да не останат без вода во летните месеци, потенцира Стефковски.

Можно е и ова да ти се допаѓа