Почеток СВЕТ(ВИДЕО) Трагедија во Германија: Србин уби Германец, тешко повреди Турчин

(ВИДЕО) Трагедија во Германија: Србин уби Германец, тешко повреди Турчин

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Петокот беше обележан со ужасен настан во германскиот град Манден што ја потресе локалната заедница. Кенан Меховиќ (40), српски државјанин, отвори оган врз двајца мажи, од кои едниот, Германец (45), почина на самото место, додека другиот, Турчин (49), е во критична состојба.

Пукањето се случило во 13:40 часот во средината на станбена зона, предизвикувајќи паника кај жителите. Иако лекарите се обиделе да го реанимираат Германецот, не можеле да го спасат. Турчинот бил застрелан во градите и раката, а лекарите се борат за неговиот живот.

По пукањето, осомничениот избегал, а полицијата веднаш започнала потрага. Граѓаните биле повикани да не му се приближуваат под никакви околности, бидејќи можеби сè уште е вооружен.

Текстот (ВИДЕО) Трагедија во Германија: Србин уби Германец, тешко повреди Турчин е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа