Почеток Црна Хроника(Видео) Успешна спасувачка акција на Пелистер: Повреден планинар евакуиран од непристапен терен

(Видео) Успешна спасувачка акција на Пелистер: Повреден планинар евакуиран од непристапен терен

pretres.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Денеска, на исклучително тежок и непристапен терен во близина на Пелистер, беше спроведена сложена спасувачка акција за извлекување на повреден планинар со скршеница на нога.

Во акцијата учествуваа тројца припадници на Одделот за воздухопловни единици и четворица припадници на специјалната антитерористичка единица „Тигар“. Благодарение на нивната координираност, стручност и пожртвуваност, повредениот успешно е извлечен и префрлен на понатамошно лекување.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, им изрази јавна благодарност:

„Упатувам искрена благодарност за пожртвуваноста, професионализмот и човечноста на сите вклучени. Со оваа акција, нашите припадници уште еднаш докажаа дека македонската полиција секогаш е таму каде што е најпотребна – особено кога се спасува живот и се делува под најтешки услови“, истакна Тошковски.

The post (Видео) Успешна спасувачка акција на Пелистер: Повреден планинар евакуиран од непристапен терен first appeared on Претрес.мк.

Можно е и ова да ти се допаѓа