Прекуграничниот криминал не познава граници. Заедничката борба е клучот за безбедна иднина. За една година Министерството за внатрешни работи во делот на борбата со прекуграничен криминал бележи значителни успеси, информираат од Министерството.
Зголемување за над 30% на откриените случаи на прекуграничен криминал
-Запленети над 3600 парчиња монети и златен накит
-Откриени над 25 возила кои се бараат по потрага на Интерпол
-Запленети над 180 килограми сурово кафе
-Запленети околу 620 штеки цигари и околу 460 килограми тутун
-Запленета поголема количина стока за широка потрошувачка
-Откриени околу 120 фалсификувани документи
Додека ги чуваме границите од криминалот, ги отвораме за граѓаните, за туристите, за полесен пренос на стоки и луѓе, за поголем туризам, повеќе транспорт, поголеми пријателства, велат од МВР.
Пуштен во употреба концептот ONE STOP на граничните премини со Косово и Србија:
– Блаце- Елез Хан
– Јажинце-Глобочица
– Табановце – Прешево
– На ГП Стар Дојран отворени две нови линии за премин, со цел поефикасен и побезбеден проток на патници и возила