Почеток СВЕТВИДЕО: Француски воен авион се урна во Украина, објавена е снимка

ВИДЕО: Француски воен авион се урна во Украина, објавена е снимка

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Украинските воздухопловни сили во вторникот објавија дека француски борбен авион Мираж-2000 се урна во регионот Волин, објави Анадолија.

„Вечерта на 22 јули 2025 година, борбениот авион Мираж-2000 доживеа технички дефект за време на мисија за обука“, се вели во соопштението на социјалната мрежа Телеграм.

Пилотот веднаш ја известил контролата на летање и ги следел процедурите за итни случаи, успешно катапултирајќи се од авионот.

Екипите за пребарување и спасување го лоцирале пилотот во стабилна состојба, а нема пријавени жртви или штети на земја, според воздухопловните сили.

Формирана е посебна комисија за да ја испита причината за несреќата.

Можно е и ова да ти се допаѓа