Почеток КУЛТУРАФилмВИДЕО: „Ф1“- прв вистински хит-филм на „Епл“

ВИДЕО: „Ф1“- прв вистински хит-филм на „Епл“

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Конгломератот „Епл“ има нова причина за славје викендов – високобуџетниот филм „Ф1“ (F1) на нивната филмска продукција ѝ го донесе првиот хит на американскиот „бокс-офис“.

Филмот, во којшто Бред Пит глуми поранешен возач на Формула 1 кој е принуден да се врати од пензија, заработи 57 милиони долари (48,4 милиони евра) на домашниот пазар и 146,3 милиони долари (над 124 милиони евра) во првиот викенд. Ова се смета за успех на „Епл“ – шест години по влегувањето на технолошкиот гигант во филмската индустрија, имаат релативно неуспешни филмови (како скапите „Убијци на цветната месечина“ на Мартин Скорсезе, и „Наполеон“ на Ридли Скот, но и критички исмејуваните „Однесете ме на месечината“ и „Аргил“). Се чини, „Епл“ ја преиспита својата филмска стратегија, па „светлото на крајот од тунелот“, според познавачите, беше „Волци“ (Wolfs) од 2024 година, токму со Пит и Џорџ Клуни.

Според познавачите, ова може да биде отскочна даска за одделот за филмска продукција на „Епл“, отворајќи повеќе патишта кон поголем успех. Инаку, снимањето на „Ф1“ чинеше околу 250 милиони долари.

– „Ф1“ ќе биде убедливо најголемото издание на „Епл“ на „бокс-офисот“. Овој филм изгледа како успешен бизнис-модел што „Епл“ го замислуваше и сакаше да го спроведе неколку години наназад, изјави Дејвид А. Грос.

Уште во 2023., компанијата вети дека ќе троши милијарда долари годишно за кино-филмови. Сепак, студиото сè уште не ги остварило тие амбиции. По неоноар-филмот „Највисоко кон најниско“ (Highest 2 Lowest) на режисерот Спајк Ли, којшто во август ќе се прикажува две недели во киносалите преку дистрибутерот „А24“, „Епл“ нема други големи филмови за 2025. или 2026 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа