Почеток СВЕТ (ВИДЕО) „Цела Шпанија плаче заедно“: Расте бројката на жртви, досега 95 жртви од поплавите

(ВИДЕО) „Цела Шпанија плаче заедно“: Расте бројката на жртви, досега 95 жртви од поплавите

Лидер мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Шпанија прогласи национална жалост од 31 октомври до 2 ноември. Видеата покажуваат апокалиптични сцени.

Министерот Торес им рече на новинарите дека властите сè уште не можат да го дадат конечниот биланс на загинатите бидејќи се уште има многу исчезнати лица. Со овие зборови министерот навести дека бројот на загинати може да се зголеми.

„Ова ја покажува огромната големина на трагедијата“, нагласи Торес.

Шпанскиот премиер Педро Санчез вети дека ќе ја обнови уништената инфраструктура и во телевизиско обраќање рече дека „цела Шпанија плаче заедно“ со луѓето кои сè уште ги бараат своите исчезнати сакани. Летовите од аеродромот во Валенсија се откажани.

Брзиот воз со речиси 300 луѓе излета од шините во близина на Малага, соопштија железничките власти, а нема повредени. Катастрофата го попречи и движењето на брзите возови меѓу Валенсија и Мадрид, како и другите приградски линии во погодените региони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro